!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Миноски: СДСМ ветуваше нови вработувања, а вчера навести отпуштања во јавниот сектор


       
Скопје, 20 декември, 2016 - 15:15 (META) 

СДСМ пред изборите, на граѓаните им ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку двапати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и на пензиите – изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, на денешната прес-конференција.

– Кога беше на власт, СДСМ ги намали пензиите за осум проценти. Пензиите ги исплаќаа на рати, во три групи во месецот и постојано доцнеа. 200.000 граѓани беа избркани на улица и останаа без работно место. Стапката на невработеност изнесуваше 38 проценти, рекорд во светски размери – изјави Миноски.

Тој додаде дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми просечната пензија за 70 проценти, а најниската пензија за дури 90 проценти.