fbpx

Манчевски: Ќе работиме да создадеме услови за влез на трет мобилен оператор

-

Државата ќе ги направи неопходните чекори за влез на трет мобилен оператор на пазарот, со цел граѓаните да добијат поквалитетни услуги за пониски цени, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој додаде дека за тоа се потребни законски измени за да се овозможи изнајмување на државната инфраструктура на приватните компании.

„Државата не знае што има и потребно е да видиме со каква инфраструктура располагаме за да ја понудиме на потенцијалните инвеститори. Сега постојат законски ограничувања во можноста државната инфраструктура да им се нуди на приватни компании. Исто така има и инфраструктура изградена од приватни компании, која што може да се издава. Целта е, на потенцијалните инвеститори да им претставиме дека, состојбата во државата не е таква каква што е прикажана во законите, туку дека има одредена веќе постоечка инфраструктура која може да се користи. Вака како што е поставено законски, не сме атрактивни за нив бидејќи треба да вложат милионски суми, а повратот може да го направат за 12 години“, објасни Манчевски.

Со потенцијалните инвеститори, нашата делегација ќе се сретне на Светскиот саем на мобилна технологија во Барселона, следната недела.

Манчевски вели дека што и да се прави, ќе се има предвид и позицијата на двата мобилни оператори во државата. Не очекува дека за следните две години може да се сменат условите.

Македонија е единствената држава во Европа која има само два мобилни оператори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...