fbpx

Македонија може да стане членка во 2019 само со одобрување на Договорот, вели Столтенберг

-

Преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари и на почетокот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во Поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори – нагласи генералниот секретар.

Тој посочи дека НАТО е подготвен да ја поздрави Македонија како 30. член на НАТО.

– Тоа може да се случи само со одобрување на Договорот од Преспа. Преговорите за членство почнаа и очекуваме да ги завршиме во јануари идната година. Кога ќе заврши прифаќањето на Договорот, може да потпишеме протокол со ПЈРМ. Во почетокот на годината државата може да се присоедини кон Алијансата. Ги повикувам сите да пројават одговорност и да ја искористат таа можност – нагласи Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...