fbpx

ЛП: Парламентарното мнозинство да не чека и да прејде на избор на спикер и на нова влада

-

Извршниот комитет на Либералната партија на синоќешната седница, на која била разгледувана актуелната политичка остојба во државата, констатирал дека „настојувања на парламентарното мнозинство што побргу да се конституираат државните органи, односно да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија, се во опасен застој“.

„Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите ја зголемува опасноста во државата. Затоа апелираме партиите од парламентарното мнозинство добро да ја согледаат ситуацијата и со поддршка од нашите пријатели од меѓународната заедница и од домашната јавност да прејдат на избор на претседател на Собранието и на избор на влада“, стои во соопштението на ЛП.

Оттаму нагласуваат дека одолжувањето на овие потези ги охрабрува сите што се противат на конститурирањето на државната власт во Македонија и затоа не треба да се чека. ЛП, се додава во соопштението, ги поздравува „сè поотворените обиди од страна на меѓународните фактори да помогнат што побргу да се конституира држваната власт“.

„Ја повикуваме домашната јавност да не остане само на загриженост за состојбите, туку активно да го манифестира своето незадоволство од состојбите и јасно да му даде поддршка на формираното парламентарно мнозинство“, нагласуваат од ЛП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани и самите кандидати: Кој колку пари донирал за кампањата?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...