Вооружен напаѓач убил службеник на руската Федерална служба за безбедност и еден посетител на канцеларијата на ФСБ на истокот на Русија.
Пукањето се случило во градот Кабаровск, на крајниот исток на Русија.
Напаѓачот отворил оган во собата за прием, при што усмртил еден службеник и еден посетител, кој наводно бил државјанин на една од поранешните советски земји. Напаѓачот е убиен откако обезбедувањето возвратило на огнот.
Во тек е истрага.