fbpx

Коцијанчич: Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно

-

„Комесарот одблизу ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е запознаен со пролонгирањето на одлуката што треба да се донесе, а регулира важни прашања“, вели Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот Јоханес Хан.

– Комесарот е загрижен дека некои од роковите што ги договорија политичките лидери не се испочитувани. Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно и да се осигура функционирањето на Специјалниот јавен обвинител и на Анкетната комисија. Политичка волја треба да биде пренасочена во брз договор за отворените прашања, со компромис од страна на сите, во интерес на земјата. Комесарот Хан се надева дека неколкупати изразената посветеност за целосно спроведување на политичкиот договор од четирите политички партии, ќе им овозможи финализирање на договорите на сите овие прашања за многу кратко време, бидејќи времето истекува – вели Коцијанчич за „Мета“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...