!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

КОНТРАСПИН: Министерство за финансии? Која е разликата меѓу Европа и ЕУ?


       
Скопје, 25 јули, 2016 - 14:08 (META) 

„Македонија е умерено задолжена земја и доколку се пресметаат средствата од еврообврзницата, во согласност со податоците на Еуростат, Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг помал од 50 отсто од домашниот бруто-производ.“ (Извор: Министерство за финансии, Датум: 20 јули 2016 г.)

Во горниот извадок од соопштението на Министерството за финансии се соочуваме повторно, по којзнае кој пат, со една стара манипулација за компарирање на нивото на јавниот долг на Македонија со ваквиот долг на други земји, пишува „Вистиномер“. Кога јавниот долг беше понизок од овој што е денес, нашироко се кажуваше како имаме „четврт најмал долг во Европа“ и како сме „ниско задолжена земја.“ Сега, пак, како што јавниот долг се зголемува, се вели „Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа“ и се додава дека сме „умерено задолжена земја“.

Со горниот извадок има редица проблеми. Како прво, Еуростат нема врска со Европа. Еуростат е статистичко биро на Европската Унија, а не на Европа. Европа, како што е познато, нема заедничко статистичко биро. Следствено на тоа, Македонија не може да биде меѓу „десетте најмалку задолжени земји во Европа“, „согласно податоците на Еуростат“, зашто Еуростат ниту има, ниту објавува такви податоци.

Тврдење кое може да се каже, а притоа да се употребат податоците на Еуростат во овој контекст, би можело да гласи вака:

„Во согласност со податоците на Еуростат, Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји споредено со членките на Европската Унија“.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)