fbpx

Изборот на генерален секретар на ОН влегува во финална фаза

-

Членките на Советот за безбедност на ОН денеска шести пат ќе гласаат за кандидатите за нов генерален секретар на ОН, но првпат ќе се знае како гласале постојаните членки со право на вето.

Досега сите членки се изјаснуваа со „охрабрувам“, „не охрабрувам“ или „воздржан“, а денеска постојаните членки на Советот за безбедност ќе гласаат на ливчиња во боја, па веднаш ќе биде јасно кој од кандидатите може да очекува вето.

Досега во трката за генерален секретар на ОН води поранешниот португалски премиер и висок комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш, а зад него се поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак. Македонскиот кандидат, Срѓан Керим, по последното гласање се најде на претпоследното, осмо место.

Првиот човек на светската организација, по правилото на географска ротација што досега се почитуваше, би требало да биде избран од групата источноевропски земји. Се верува дека предност при изборот би требало да има жена, затоа што на чело на ООН, од нејзиното основање па досега, биле само мажи. Сепак, тоа не е најважниот услов за кандидатот да биде прифатлив за постојаните членки со право на вето.

Меѓу жените од Источна Европа, засега најдобро беше пласирана шефицата на УНЕСКО, Бугарката Ирина Бокова, но бугарската влада беше незадоволна од нејзиното шесто место по последниот круг на гласање, па предложи нова кандидатка, еврокомесарката Кристалина Георгиева.

Советот за безбедност пред Генералното собрание на ОН би требало да излезе со еден кандидат, но ако не можат да се усогласат, пред 193 членки на Генералното собрание ќе излезе со повеќе кандидати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...