!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Иванов – Сијарто: Соработката со Унгарија е пример на однос кон земја кандидат


       
Скопје, 18 декември, 2017 - 17:40 (META) 

Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Како што информираат од кабинетот на македонскиот претседател, на средбата било изразено задоволство од севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија кои ги карактеризираат искрено пријателство, заемно разбирање и почит, како и надеж дека во наредниот период ќе се продлабочи започнатата активна соработка, особено во сферата на економијата и трговската размена.

– Залагањето, соработката и солидарноста која Унгарија ги рефлектира во однос на нашите аспирации кон НАТО и во ЕУ се пример како треба да изгледа односот на земјите членки кон земјите кандидати. Унгарија е една од најзначајните партнери и пријатели на Република Македонија и тој однос треба да се негува и да продолжи во иднина – истакнал Иванов.

Сијарто ја нагласил неопходноста од динамизирање на евро-атлантските процеси на Република Македонија и ја повторил силната унгарска поддршка за Република Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и да ги почне пристапните преговори со ЕУ.