fbpx

И Канческа-Милевска го испофали Талески

-

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во својот говор по повод почетокот на четвртото издание на „Битола Шекспир фестивал“, меѓу другото, упати пофалби до градоначалникот Владимир Талески за неговиот придонес за развојот на културата во градот.

Инаку, Талески од понеделникот неделава е во куќен притвор како првоосомничен во случајот „Транспортер“.

– Благодарност до градоначалникот Владимир Талески за соработката во културата. Со неговите заложби во изминатите години имавме голем успех во културниот развој на Битола – рече министерската Канческа-Милевска, на крајот од своето обраќање на денешната прес-конференција.

Годинава, за разлика од претходните три изданија, битолскиот градоначалник не е покровител на Шекспировиот фестивал, кој не е дел ниту од годинешната програма на „Битфест“.

Сепак, како што вели директорот на Битолскиот народен театар, Валентин Светозарев, Општината ќе помага во сместувањето на учесниците и на гостите.

– Фестивалот е влезен во Националната програма за култура и од Министерството за култура ја имаме поддршката во висина од 3 милиони денари, за организирање на фестивалот. Фестивалот нема да биде во рамките на „Битфест“, но Општината сепак ќе помага – рече Светозарев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...