ЗНМ: Здружението на обвинители да го осуди решението Неделковски да не се гони кривично

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на обвинителот од Вишото јавно обвинителство, кој оценил дека ТВ-водителот Миленко Неделковски не поттикнува омраза и насилство со фејсбук-статусот со закани кон неколкумина новинари, туку тоа се само „искажани ставови за физички лица“ и го одбил барањето Неделковски да се гони кривично.

– Обвинителот, практично, само го потврди решението на обвинителката Јасмина Костевска од Основното јавно обвинителство, која во март годинава го одби нашето барање за гонење на Неделковски. Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење – вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Според претседателот на ЗНМ, со оваа порака Неделковски експлицитно се заканил со линчување и со покривање со бетонска плоча на новинарите Јадранка Костова, Бранко Героски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов и Сашо Ордановски, а решението на обвинителот е неразумно и ја девалвира обвинителската професија.

ЗНМ повика Здружението на обвинители да го осуди ваквото решение, а Советот на јавни обвинители да се произнесе за, како што смета ЗНМ, незаконското постапување на обвинителот.

milenkonedelkovski

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...