вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Елизабета Канческа Милевска | 51 резултати

Завршни зборови за „Тенк“, продолжуваат судењата за „Тендери“ и „Тотал“

мај 14, 2018

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржат три судски рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство, од кои за еден ќе се изнесуваат завршните зборови. Во судењето за случајот „Тенк“, во кој, за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР […]

Канческа-Милевска: Илија ме нервира, не можам органски да го поднесам

април 13, 2018

Со преслушување на пет телефонски разговори во присуство на јавноста, Кривичниот ја продолжи работата по предметот „Тендери“. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 година меѓу Канческа-Милевска и поранешната […]

Канческа Милевска не се чувствува виновна во случајот „Тендери“ за Музејот на ВМРО

март 13, 2018

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека не се чувствува виновна за кривичното дело што и се става на товар во случајот „Тендери“ на СЈО во кој таа е првообвинета. Канческа Мислевска на денешното рочиште кажа дека го разбира обвинението како текст, но не разбира на кој начин постои злоупотреба. – Го разбирам […]

Адвокатите на Канческа – Милевска ги спорат вештачењата на СЈО, следното рочиште на 13 март

февруари 21, 2018

Со приговори на одбраната околу вештачењето на доказите и за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство помина првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска. Претседателот на судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје, Осман Шабани, го прекина рочиштето и следното го закажа за […]

Почнува судењето на Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на СЈО

февруари 21, 2018

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, […]

Судењето на Канческа – Милевска за „Тендери“ закажано за 21 февруари

јануари 29, 2018

Кривичниот суд за 21 февруари го закажа почетокот на судењето на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Два порано, односно на 19 февруари на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седне новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талеска, која се […]

Кривична пријава против Канческа – Милевска и нејзини поранешни соработници

декември 28, 2017

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против Ѓ.Т., државен советник за финансиски прашања и раководител на сектор за финансии во Министерството за култура, информираат од таму. Кaнческа-Милевска и нејзините соработници се осомничени за кривично дело несовесно работење во службата и […]

Канческа – Милевска ќе оди на суд за јавните набавки за Музејот на ВМРО

декември 26, 2017

Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението за случајот „Тендери“, со што ќе има судски процес и овој предмет на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска. „Предметот по одобрениот обвинителен акт согласно Автоматизираниот компјутерски систем за управување […]

ВМРО-ДПМНЕ: Упадите на СЈО по домови се „димна завеса“ за дефокус на јавноста

декември 15, 2017

Специјалното јавно обвинителство и правосудните органи се ставија целосно во функција на хунтата на Зоран Заев и наместо да постапуваат согласно закон тие служат само за политичка пресметка со неистомисленици, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешните информации дека СЈО извршило претрес во домовите на поранешната министерка за култура и актуелна пратиничка во Собранието, Елизабета Кенческа […]

СЈО врши претреси во домовите на Канческа – Милевска и на Божиновски

декември 15, 2017

Специјалното јавно обвинителство утрово врши претреси во домовите на на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка, Елизабета Канческа – Милеска и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, јавува „Телевизија 24“ повикувајќи се на свои извори. Од СЈО не ја потврдуваат информацијата. Засега не е познато дали претресите се вршат во рамките на […]

„Бомбите“, сепак, ќе се користат како доказ на судењето на Канческа-Милевска за „Тендери“

ноември 2, 2017

Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство, со што прислушуваните разговори ќе можат да се користат во судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Како што потврдиле за „Телевизија 24“ од Апелацискиот суд, ваквата одлука била донесена врз основа и на претходните две одлуки […]

Канческа-Милевска: Заев потпиша договор со Бугарија за да го смени името по грчки терк

август 8, 2017

Договорот за добрососедство со Република Бугарија што го потпиша владата на Зоран Заев е во спротивност со македонските државни и национални интереси и прави од македонската страна губитник во целиот процес, изјави денеска на прес-конференција поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска. – Во членот 2, став 2 од Договорот, Бугарија вели […]

Одбиени жалбите во случајот „Тендери“, Канческа-Милевска останува без пасош

јули 25, 2017

Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“. Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд за Канческа-Милевска и за другите обвинети да им бидат одземени патните исправи и да се јавуваат во судот еднаш неделно. СЈО […]

Апелација ги разгледува жалбите на СЈО и на Канческа-Милевска

јули 24, 2017

Во Апелациски суд – Скопје денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Жалби до Апелацискиот суд имаат поднесено и Специјалното јавно обвинителство, кое бара да се поништи одлуката на првостепениот суд и на Канчевска-Милевска да ѝ се одреди притвор, но […]

Костовски: Случајот „Тендери“ е монтиран процес за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ

јули 17, 2017

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба, е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој […]

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

јули 1, 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор […]

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за пасошот на Канческа-Милевска

ноември 7, 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна постапка да не им ги одземе пасошите на актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уште едно осомничено лице во случајот „Тендери“. Освен одземање на пасошите, СЈО бараше од судот на двете осомничени лица […]

Заврши реставрацијата на зградата на музичкото училиште во Битола

ноември 4, 2016

Заврши реставрацијата на една од зградите на музичкото училиште, на булеварот 1 Мај во Битола, финансирана од Министерството за култура. На промоцијата денеска присуствуваше министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која најави дека со пари од буџетот ќе се реставрираат голем број фасади на стари објекти во градот кои имаат културно-историска вредност. – Овој објект е […]

Судот не ѝ го одзеде пасошот на Канческа-Милевска, барањето на СЈО било неосновано

октомври 31, 2016

Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им ги одзеде пасошите на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште еден осомничен во случајот „Тендери“. Ваквата одлука судијата ја донел по распитот на двајцата осомничени, во петокот минатата недела. Барањето на СЈО, тој го одбил како неосновано и решението […]

Канческа-Милевска денеска на распит во суд за случајот „Тендери“

октомври 28, 2016

Двајцата осомничени во случајот „Тендери“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара да им бидат одземени пасошите и секоја недела да се јавуваат пред службено лице во судот, денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ извори од Кривичниот суд. Меѓу осомничените е и актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е […]

Страна 1 од 3