fbpx

Хан в понеделник во дводневна посета на Скопје

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, в понеделник доаѓа во дводневна посета на Скопје.

В понеделник е предвидено тој да има средба со претставници на политички партии и со премиерот Зоран Заев, по што ќе даде кратка изјава. Засега нема информации дали еврокомесарот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Во официјалната програма не е предвидена средба со претставниците на граѓанските организации, но како што ни соопштија, не е исклучена можноста да има неформална средба со нив.

Главна тема на средбите ќе биде спроведувањето на реформските приоритети и имплементацијата на планот „3-6-9“.

Дводневната посета ќе ја заврши со прес-конференција, на која ќе даде оцена за постигнатиот прогрес и за разговорите со политичките претставници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...