fbpx

Гутереш на чекор да биде избран за нов генерален секретар на ОН

-

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, речиси со сигурност ќе биде новиот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) откако на денешното гласање ниту една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН не стави вето на неговиот избор, јавуваат светските агенции.

Денешното, шесто неформално гласање за нов генерален секретар на светската орагнизација беше клучно, бидејќи постојаните членки на Советот за безбеност првпат гласаа на ливчиња во боја, со што веднаш се знаеше кој од кандидатите може да очекува вето.

Дека Гутереш е „јасен фаворит“, денеска соопштил и рускиот амбасадор во ОН, Витали Чуркин, пренесува „Би-би-си“.

Формалното гласање за избор на нов генерален секретар на ОН ќе се случи утре.

Гутереш речиси со сугурност ќе биде новиот генерален секретар на светската организација, иако по правилото на географска ротација ова место требаше да му припадне на кандидат од Источна Европа, а се очекуваше и дека првпат жена ќе застане на чело на светската организација.

Инаку, на актуелниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, мандатот му истекува во декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...