„Студентски пленум“ го прогласи референдумот за успешен

-

По пребројувањето на гласовите, „Студентски пленум“ вечерва го прогласи за успешен првиот референдум на кој студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се изјаснија какво студентско организирање сакаат.

На референдумот, како што соопштија од „Студентски пленум“, кој беше организатор, гласале вкупно 2.767 студенти. Од нив 2.615 студенти гласале „не“ за Студентскиот парламент при Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) да биде невладина организација, 137 гласале СПУКМ да остане невладина организација, а 15 ливчиња биле неважечки.

Од „Студенски пленум“ вечерва порачаа дека „5 октомври од денеска е ден на студентското ослободување од стегите на корумпиранот систем и репресивниот апарат“ и основа за сеопфатна реформа на студентското организирање.

„Студентите денеска ја реанимираа демократијата како концепт во нашето општество и ја вратија солидарноста како примарна вредност, која нè обединува во нашата бескомпромисна борба. Покрај култивирањето на демократските вредности и практики, резултатите од овој референдум се основа за сеопфатната реформа во студентското организирање. Студентската волја денеска е артикулирана, па на Сенатот и на ректорот им останува да ја испочитуваат. Според нас, тоа е нивната единствена опција. Овој референдум претставува гест на самоопределување и почеток на изградба на новиот идентитет на еманципираниот студент и граѓанин, студент кој е подготвен да го менува постоечкото статус кво. Нашиот 5 октомври е нашиот подарок за македонската демократија, нашиот 5 октомври и нашиот модел за Република Македонија“, рекоа од „Студентиот пленум“.

Референдумот се одржа на 20 факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од пленумот претходно изјавија дека гласањето се одвивало во мирна, фер и демократска атмосфера. Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка култура затоа што немало пријавени волонтери.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има 25.976 студенти.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...