fbpx

Груби очекува со помош на Софија да се отстрани условеноста на препораката од ЕУ

-

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, денеска со бугарскиот амбасадор, Иван Великов Петков разговараа за билатералните односи на двете земји и за евроатлантските аспирации на Македонија

Груби изјави дека се залага до крајот на годинава да се реши прашањето за новиот обвинител, Законот за верификации на факти и Законот за судскиот совет со надеж дека и опозицијата ќе продолжи да делува во Собранието, ќе ги поддржи и ќе стане дел од реформските решенија со што ќе се испорачаат видливи резултати до Брисел, со цел добивање на чиста препорака и датум за почеток на преговорите со Европската унија. Тој изразил надеж дека со помош од Софија ќе се отстрани условената препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, во рамките на претстојното шестмесечно претседавање на Бугарија со ЕУ, кое ќе започне од јануари следната година.

Амбасадорот Петков, истакнувајќи ја бугарската поддршка за Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, информира дека, Бугарија е силен поддржувач на процесот напроширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, и дека во рамките на нивното претседавање, еден од главните приоритети на Бугарија ќе биде токму овој процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...