fbpx

Градоначалникот на Кавадарци осуден на два месеци затвор поради давање поткуп за избори

-

Судот му изрече два месеци затворска казна на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов за нудење и давање поткуп за време на минатогодишните предвремени парламентарни избори.

За кривичното дело за кое е осуден Панов предвидена е парична казна или казна затвор од една година. Како што појаснил судијата Лазар Нанев при изрекувањето на пресудата, според класификацијата на делото и околноста дека Панов е досега неосудуван, законодавецот утврдил парична казна или казна затвор од еден до два месеци.

Кавадаречкиот градоначалник ја добил максималната предвидена казна, која ќе се изврши по правосилноста на пресудата.

Според обвинителството, Панов, кој е градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на 9 декември, минатата година, два дена пред одржувањето на парламентарните избори, во својата канцеларија во Општината на три лица со право на глас им дал по 1.000 денари за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Панов и неговиот адвокат денеска не присуствуваа на изрекувањето на пресудата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...