Обвинителство: Војминовски беше во домашен притвор поради здравствени проблеми
јануари 17, 2019
Од Јавното обвинителство порачаа дека домашен притвор за сега избеганиот Никола Војминовски, кој беше осуден на 13 и пол години затвор за обид за убиство на Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, бил побаран поради здравствената состојба на осудениот. Војминовски во домашен притвор ја исчекуваше правосилноста на пресудата. По него […]