fbpx

Францускиот амбасадор во ОН тврди дека во Алепо се извршени воени злосторства

-

Францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатр, пред почетокот на заседанието на Советот за безбедност, рече дека во сирискиот град Алепо се извршени воени злосторства.

Непосредно пред заседанието на Советот на безбедност по повод ескалацијата на воената кампања во Сирија, францускиот амбасадор во ОН истакна дека во Алепо се извршени воени злосторства и побара тоа да биде санкционирано.

– Воените злосторства во Сирија не смеат да минат неказнето, тоа едноставно не е опција – рече Делатр.

Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН заврши без да бидат преземени какви било активности бидејќи постојаниот претставник на Русија, Виталиј Чуркин, влезе во отворен конфликт со претставниците на САД, Велика Британија и на Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...