fbpx

Експлозија во рудникот во Добрево, двајца рудари повредени

-

Двајца рудари, изутрината околу 7.15 часот, се донесени  во штипската Клиничка болница, со повреди од експлозија што се случила додека работеле во рудникот на „Индо инерали и метали“ во Добрево, кај Пробиштип.

Штипската полиција потврди дека дошло до ескплозија, од засега непознати причини. Притоа, настрадале 42-годишниот рудар со иницијали Д.З. и 49-годишшниот З.Т., и двајцата од Пробиштип. На потешко повредениот Д.З., експлозијата му го зафатила лицето. Другиот е со полесни повреди. Од Клиничката болница соопштија дека потешко повредениот рудар е прегледан од општ хирург и од масксилофацијален хирург, како и од очен лекар, по што ќе биде опериран.

Вториот рудар, по свое барање, ќе биде пуштен на домашно лекување.

Полицијата соопшти дека се очекува увид од рударски инспектор и од јавен обвинител.

Ова е втора рударска несреќа во десет дена во рудникот на „Индо минерали и метали“ во Добрево. На 24 ноември врз рудар падна камен блок, по што тој заврши со повреди на грбот.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...