fbpx

Љуљзим Баша не сака на избори, Еди Рама сака дијалог без „бесмислени услови“

-

Додека истекуваат последните рокови за регистрација на политичките субјекти за парламентарните избори во Албанија, опозицискиот блок останува непоколеблив за решението да не се регистрира за изборите. Денеска истекува последниот рок во кој партиите или коалициите мора да се пријават во Централната изборна комисија за да може да учествуваат на општите избори на 18 јуни.

Парламентарниот бојкот од опозицијата сега се преточува во бојкот на изборите. Преговори меѓу двете најголеми партии, Социјалистичката на премиерот Еди Рама и Демократската партија на Љуљзим Баша тешко дека би се случиле, поради острата спротивставеност на двајцата лидери.

Рама преку неколкуте интервјуа деновиве, како и преку социјалните мрежи, ја повтори својата покана до лидерот на Демократската парија да седнат на дијалог за претстоечките избори, наместо да се поставуваат бесмислени услови за таквиот дијалог. Баша, од друга страна, постојано повторува дека дијалог за изборите би се случил само ако Рама на средбата се појави со потпишана оставка на премиерската функција.

За Баша единствениот начин да се почне дијалог со Рама е прашањето за формирање техничка влада.

Партијата Социјално движење за интеграција минатата седмица упати барање за „влада од доверба“, што Рама го оквалификува како истородно со барањето на опозицијата.

Петрит Васили, Министер за правда во сегашната влада, во интервју за Њуз 24 пред два дена потенцираше дека „ако изборите се одржат без опозицијата, земјата ризикува да падне во автократија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...