fbpx

ДС: Без демократизација на партиите нема демократизација на државата

-

Покрај системските промени во правосудството, медиумите и во тајните служби, неопходни се реформи и во поставеноста и во дејствувањето на политичките партии, стои во соопштението на Демократскиот сојуз и се додава дека без демократизација на партиите, нема демократизација на државата.

„Гломазните партии и црпењето кадри од членовите (лепачи на плакати и сл.) на партијата на власт во изминатите 11 години и повеќе години се покажаа како основа за етаблирање на авторитарен систем, каде „вождот“ на партијата одлучува за сè. Централизамот во повеќето партии, ја задушува иницијативноста и сите очекуваат став од „врвот“, што се покажа кобно за развој на демократијата, зајакнување на самостојноста на институциите и за владеење на правото“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека треба да се создадат законски основи за демократизација на партиите, почнувајќи од избор на раководните тела, па сè до финансирањето.

„ДС предлага при реформите на политичкиот систем, приоритет да имаат и реформите во политичките партии“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...