fbpx

Доаѓаат Хан и бриселската тројка, никој не ја потврдува средбата со Иванов

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево пристигнува во неколкучасовна посета на Македонија во обид да помогне да се најде решение за политичката криза во земјава.

Хан и тројцата европратеници, како што вчера соопшти портпаролката Маја Коцијанчич, ќе се сретнат со политичките лидери. Засега, ниту од Европската комисија, ниту од кабинетот на претседателот на Република Македонија не потврдуваат дали бриселската четворка ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Коцијанчич соопшти дека за време на посетата ќе биде повторен ставот на ЕУ дека треба да се почитува исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на Договорот од Пржино.

Еврокомесарот Хан, во петокот, во интервју за „Дојче веле“, им порача на македонските политичари да се држат до Договорот од Пржино, но и ги предупреди дека „не треба да мислат дека со изборите и со формирањето на новата влада, сите проблеми би биле решени“. Мешањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој се јави како посредник меѓу албанските политички партии при составувањето на платформата, Хан го оцени како контрапродуктивно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...