fbpx

До 15 часот пронајдени телата на 21 загинат во невремето во Скопје

-

До 15 часот денеска, по прегледот на теренот во подрачјата кои се најпогодени од невремето, пронајдени се вкупно 21 загинато лице во вчерашната елементарна непогода што го зафати главниот град, соопшти попладнево Министерството за внатрашни работи.

„Идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за едно лице сè уште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и село Црешево“, велат од МВР.

За начинот на преземање на мерките, бил запознаен и дежурен Јавен обвинител, кој не излегол на лице место, но, како што информираат од МВР, дал „конретни насоки за начинот на постапување на полициските службеници во делот на идентификување на настраданите лица“.

Од МВР информираат дека во тек се расчистувањето на последиците од вчерашното невреме.

„Од страна на противпожарната бригада се испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и на правецот од населбата Ченто кон селото Арачиново, додека во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран“, додаваат од Министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агелер: Честитки за историскиот избор на прва жена претседателка

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, преку објава на „Икс“ ѝ честиташе победа на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за...