fbpx

Димитров ја укина тајноста на податоците за службените патувања на дипломатите

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, донел решение со кое се укинува тајноста на сите документи што се однесуваат на службените патувања на шефот на дипломатијата и на сите вработени во МНР, соопшти денеска МНР.

Ова значи дека документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи повторно стануваат информации од јавен карактер, односно медиумите и јавноста ќе имаат пристап до нив.

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги информира медиумите и пошироката македонска јавност дека во духот на транспарентноста и на отчетноста пред сите граѓани, со решение на министерот за надворешни работи донесено на 12 јуни 2017 година, се укинува претходното решение на заменик-министерот за надворешни работи од 14 февруари 2017 година за класификација на сите документи што се однесуваат на службени патувања на министерот и на сите вработени во Министерството, како и на сите службени патувања на лица кои се во делегација или во придружба на истата“, стои во соопштението.

Од МНР велат дека решението на Димитров е „производ на посветената заложба на Министерството за целосна транспарентност пред граѓаните и пошироката македонска јавност и за отчетност во работата на Министерството и начинот на трошење на парите на даночните обврзници, без притоа да ја загрози сензитивноста или безбедноста на својата работа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...