сабота, 7 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: трошења | 17 резултати

Премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за повеќе од 65 проценти

29 октомври 2018

Премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за повеќе од 65 проценти во вторите,  во однос на првите шест месеци од работењето, покажува дополнетата Алатка за отчетност на веб-страницата на Владата. „Транспарентноста на Владата дава резултати на штедење и домаќинско работење. Заштеди има во сите типови трошоци, а посебно во угостителските услуги каде има скоро двојно помалку […]

Претходната власт плаќала три пати поскапо за авионски карти, хотели и ресторани

22 март 2018

Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавните фунцкии, која владата ја промовираше вчера, покажува дека најголеми разлики во трошењето помеѓу сегашната и минатата власт има во авионските карти, хотелското сместување, но и кај трошењето во ресторани во странство. За шестмесечен период, министерствата предводени од минатата власт за овие ставки потрошила двојно, а некаде и […]

Министерството за одбрана се отвора кон јавноста и ќе објавува сè што не е тајно

16 јануари 2018

Трошењата на министерот за одбрана , платите и јавните набавки во Министерството за одбрана повеќе нема да бидат тајна, порача Радмила Шекеринска, првиот човек на ова министерство на прес-конференција. – Министерството за одбрана, не само во Македонија, но особено во Македонија се сметаше за едно од традиционално најзатворените министерства, заради природата на работа, но и […]

Пленарната расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи во 11 часот

3 август 2017

Собраниската седница за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првата пленарна седница, во вторникот, рече дека основната цел на ребалансот на буџетот е да се зголеми животниот стандард на граѓаните и да се поддржат домашните претпријатија. Тој додаде дека при правењето на ребалансот имале одредени ограничувања, […]

СДСМ: Владата ги намали долговите за 55 милиони евра

18 јули 2017

Владата предводена од СДСМ, за 55 милиони евра ги намали долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше за луксузирање и за криминално богатење, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот. Во реакцијата на владејачката партија се додава дека ВМРО-ДПМНЕ, 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжувала граѓаните, а парите од задолжувањата […]

Димитров ја укина тајноста на податоците за службените патувања на дипломатите

15 јуни 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, донел решение со кое се укинува тајноста на сите документи што се однесуваат на службените патувања на шефот на дипломатијата и на сите вработени во МНР, соопшти денеска МНР. Ова значи дека документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи повторно стануваат информации од јавен карактер, односно […]

СДСМ: Пред 11 години долгот изнесуваше 1,8, а денес повеќе од 5 милијарди евра

19 мај 2017

„Следува период во кој новата влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин,“ велат од СДСМ. Од партијата најавуваат дека ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспарентни трошења на пари на граѓаните од буџетот на државата. „Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт […]

СДСМ: Ќе има ревизија на сите трошења на пари на граѓаните од Груевски и од соработниците

17 мај 2017

„Граѓаните набргу ќе ја добијат новата реформска влада, која детално ќе ги преиспита сите задолжувања што беа направени на крајно нетранспарентен начин изминативе години, а исто така ќе направи и детална ревизија на сите нетранспарентни трошења на парите од буџетот“, се вели во реакцијата на СДСМ на текстот „СДСМ наследува полн буџет од 180 милиони […]

Партиите имале 1,4 милиони евра, а потрошиле 3,1 милиони евра за кампањата

12 декември 2016

За време на изборната кампања, политичките партии потрошиле двапати повеќе пари од што имале приходи. Вкупните приходи на сите политички партии изнесувале 88.314.902 денари (1.436.015 евра), а расходите биле 195.501.767 денари (3.178.890 евра). Ова денеска го соопшти „Транспарентност Македонија“ при презентирање на резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до […]

Николов: Со овој неразвоен буџет се проектира нов дефицит и долгови од 305 милиони евра

28 септември 2016

„Владата ги игнорира укажувањата на Светска банка дека мора да почне да ја намалува задолженоста и да почне фискална консолидација, бидејќи јавниот долг ќе достигне повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ. И во 2017 година Владата со овој неразвоен буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра“, истакна претседателот на собраниската Комисија […]

Општините мал дел од буџетот го реализираат за капитални инвестиции

16 март 2016

Стапката на реализација на капиталниот буџет од страна на општините за 2015 година е многу мал и кај некои општини изнесува дури помалку од 30 процнети. Кај реализацијата на оперативниот дел од овој буџет, односно плати и намирување на други тековни трошоци, таа стапка е многу повисока и изнесува од 80 до 89 процнети. Ова се однесува на […]

Партиите потрошиле по 50.000 евра на отворање канцеларии и на митинзи

16 март 2016

Најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, потрошиле околу 50.000 евра на одржани митинзи, средби со граѓани, новоотворени канцеларии, интерни огласувања од почетокот на годината до 7 март. Најголем дел од средствата, владејачката партија ги потрошила на отворање нови канцеларии покрај веќе постојните во 24 градови, додека СДСМ најголем дел од парите ги потрошил на митинзи, средби […]

ТМ: Владата не се откажува од непродуктивното трошење на буџетот

4 март 2016

„На почетокот на 2016 година, предизборните трошења се сè поголеми. Владата и Министерството за финансии, иако се соочуваат со очигледни проблеми во обезбедувањето на финансиската стабилност на буџетот, не се откажуваат од непродуктивните трошења од државната каса. И транспарентноста за трошењето е на доста ниско ниво“ се вели во најновиот билтен на „Транспарентност Македонија“ за […]

Страна 1 од 1