fbpx

Бесими: Потребен е ефикасен и транспарентен систем на распределба на јавните пари

-

Креирањето на одржлив финансиски систем и планираните трошења кај сите јавни институции се од огромно значење за зајакнувањето на буџетот и планирањето стабилен економски развој, посебно во време на пандемија. Потребен е ефикасен систем на јавни набавки и добро управување со јавните финансии, за што е неопходно да се изгради стратегија за заштита од корупција и од измами во трошењето на ЕУ фондовите и средствата.

Ова беше посочено при презентацијата на досегашните резултати од спроведувањето на твининг проектот за зголемување на ефикасноста и ефективноста во јавното трошење, кој од минатата година се спроведува во Република Северна Македонија, со финансиска поддршка на ЕУ од 3,7 милиони евра, при што е неопходно усогласување на нашето законодавство со ЕУ практиките. Проектот го спроведува Министерството за финансии, заедно со министерствата за финансии на Бугарија, Хрватска и Латвија. Тој започна лани, а ќе трае до 2023 година. Во текот минатата година се донесе Законот за Буџет и повеќе подзаконски акти и нацрт закони, направени се 90 обуки за администрацијата и за инспекциите, а остануваат за реализација уште многу документи и активности.

„Целта на проектот, заедно со ЕУ и министерствата за финансии, е да креираме подобри и одржливи финансиски системи што е од огромно значење во услови на пандемија и со што треба да го трасираме патот напред. Потребна е експертиза на среднорочните планирања и на фискалните предизвици, консолидиран развој и инвестиции, за што е неопходно имплементирање на нови законски акти“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Амбасадорот на ЕУ во РСМ, Дејвид Гир истакна дека овој твининг проект е од суштинско значење за усогласувањето на националните документи со европското законодавство, со цел да се постигне ефикасен и транспарентен систем на јавни набавки и да се намалат ризиците од корупција и измама.

„Граѓаните треба да знаат како се трошат нивните пари и затоа е многу битно управувањето со јавните финансии, за тоа е потребна координираност меѓу меѓународните, домашните институции и граѓанскиот сектор, особено во услови на пандемија. Во водењето на јавните финансии е неопходна внатрешна контрола, мерки и ревизија за измами и корупција, а тоа ќе се постигне со фискална транспарентност што ќе ја врати доверливоста на институциите“, рече Гир, додавајќи дека за разни реформи во јавните финансии ЕУ досега во земјава финансирала 35 милиони евра и ќе продолжи со поддршката.

Доколку земјава сака да биде сигурен партнер на НАТО и на ЕУ, неопходен е одржлив економски раст, за што е потребно цврсто управување со јавните финансии и транспарентен систем на нивна распределба, што ќе придонесе во намалувањето на  корупцијата и измамите. Ова го посочи холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој рече дека оваа твининг програма е од големо значење за подобрување на ефикасноста на јавните финансии, што бара подобра регулатива во управување со финансиите и строга политичка заложба, преку што ќе се врати и довербата на сите во институциите на системот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...