fbpx

Министерството за одбрана се отвора кон јавноста и ќе објавува сè што не е тајно

-

Трошењата на министерот за одбрана , платите и јавните набавки во Министерството за одбрана повеќе нема да бидат тајна, порача Радмила Шекеринска, првиот човек на ова министерство на прес-конференција.

– Министерството за одбрана, не само во Македонија, но особено во Македонија се сметаше за едно од традиционално најзатворените министерства, заради природата на работа, но и заради таквата политичка волја. Зад параванот на класифицирани информации важни за безбедноста на државата во минатото се криеја потези кои значеа криминал, злоупотреба на средства, лагодно однесување од страна на раководителите во Министерството, па дури и манипулации.  Во име на законската потреба од класифицираност околу споделувањето на информации за суптилни безбедносни прашања се правеле манипулации кои оделе директно на штета и на безбедноста на државата, но и на буџетот на Република Македонија. На таа практика и дојде крајот – порача Шекеринска.

Министерката за одбрана вели дека и понатаму ќе има доверливи и класифицирани информации, но исклучиво оние поврзани со безбедносните интереси на државата. Во таа категорија нема да бидат трошењата на министерот или раководната структура, платите на раководството на министерството, услугите, јавните набавки, а институцијата, според Програмата за работа на Владата, ќе ги споделува информациите дури и истите пред да бидат побарани од страна на граѓаните, невладините организации, медиумите.

„Затоа на веб страната на министерството е отворена опцијата „Јавноста има право да знае“ каде што се ставени голем број на информации кои за прв пат се достапни до јавноста и со кои го отвараме министерството кон граѓаните“, вели министерката.

Таков ќе биде третманот на сите програми, стратегии, буџетот, организацијата и трошоците во работењето. Шекеринска најавувајќи го објавувањето на документите поврзани со своето материјално финансиско работење, рече дека сите информации ќе бидат достапни без да се доставуваат барања по Законот за слободен пристап до информации, а исто така ќе бидат постојано ажурирани гарантира Правилникот за транспарентност во работењето на министерството.

Ќе се објавува и Планот за јавните набавки и секој заинтересиран ќе може да ги види огласите за јавните набавки на министерството, а како што тече процедурата за јавни набавки така ќе бидат објавувани и известувањата за одлуки и потпишаните договори за јавни набавки.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...