вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Слободен пристап до информации од јавен карактер | 20 резултати

Објавен периодичниот извештај за исполнувањето на Итните реформски приоритети од областа на медиумите

декември 23, 2020

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, го објави периодичниот извештај кој ги презентира генералните резултати од набљудувањето на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) од областа на медиумите за периодот од 15 август 2020 до 15 декември 2020 година, во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – […]

За корупциски скандали институциите молчат, кријат документи или одговараат парцијално

декември 14, 2020

Неможноста новинарите да имаат брз пристап до информациите од јавен карактер беше клучна забелешка на европскиот експерт Рајнхард Прибе, кој уште во 2015 година во рамките на итните приоритетни реформи во сферата на медиумите побара властите да ги адресираат главните пречки со кои се соочуваат новинарите при добивањето јавни информации. Во таа смисла тој побара […]

Извештај и дебата на ОМР: Медиумските реформи и понатаму бавно се спроведуваат

ноември 5, 2020

Ако сме на час во средно школо, тогаш државава за реформите во медиумскиот сектор во изминатиов период најмногу би добила оценка меѓу тројка и двојка за она што досега е сработено. На овој начин Зоран Фидановски, новинар и член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ја опиша состојбата со исполнувањето […]

Пандемијата со ковид-19 ја влоши транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер

октомври 21, 2020

Пандемијата со ковид-19 ја намали транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер е заклучокот на денешната онлајн дебата „Пристап до информации од јавен карактер во време на пандемија“, која беше организирана од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Тамара Чаусидис од БИРН истакна дека транспарентноста која […]

Барателите на информации од јавен карактер и понатаму најмногу се жалат на „молк на управата“

октомври 5, 2020

Граѓаните, новинарите, невладините организации и сите други баратели на информации од јавен карактер и понатаму најчесто се жалат до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер поради „молчење на управата“. Дури 163 од вкупно 222 жалби поднесени до Агенцијата во првите шест месеци од 2020 година се поради непостапување […]

Поведени четири прекршочни постапки за службеници кои не постапиле по барања за информации од јавен карактер

септември 28, 2020

Четири прекршочни постапки се при крај за службени лица во институциите – иматели на информации од јавен карактер, кои не постапиле по однос на барањето за пристап до информации од јавен карактер, одговори денеска директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите, Пламенка Бојчева на прашање на „Мета.мк“. Имало шест поведени […]

Агенцијата ги почна обуките на службеници за навремено одговарање на барањата за слободен пристап до информации

септември 18, 2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вчера ја одржа првата од серијата еднодневни обуки на тема: „Примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Главната цел на обуката од стручниот предавач Цветан Станоески е оспособување и едуцирање на службените лица – правилно и навремено да […]

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

јули 22, 2020

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап […]

Пламенка Бојчева: Отворени сме за соработка за заштита на слободниот пристап до информациите од јавен карактер

јуни 23, 2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер завршила речиси 800 предмети заостанати од 2018 и 2019 година и постапувањето по жалбите на барателите на информации тече редовно во рамки на утврдените законски рокови, вели директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева во интервју за „Мета.мк“. Во 2020 година во Агенцијата се […]

Истражувачките новинари се жалат на затвореност на институциите

мај 18, 2020

Граѓаните, новинарите и невладиниот сектор годинава помалку се жалат на транспарентноста на институциите во споредба со истиот период минатата година. Во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која до декември 2019 година функционираше како колективен орган со назив Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации […]

Во првиот квартал поднесени 109 жалби од баратели на информации од јавен карактер, десетина се од новинари

април 28, 2020

Покрај тоа што во изминатиов период ги реши сите заостанати предмети, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во предвидениот рок ги решава и жалбите кои пристигнуваат во моментов, информираат за „Мета.мк“ од Агенцијата. Во првиот квартал од 2020 година до Агенцијата биле поднесени 109 жалби од страна на […]

Расте бројот на неодговорени и одбиени барања за пристап до информации од јавен карактер (инфографик)

април 8, 2020

Лани пораснал бројот на неодговорени, одбиени и пренесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на институциите, покажува Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2019 година. Правните и физичките лица лани поднеле вкупно 8.752 вакви барања, и тоа […]

Лани пораснал бројот на поднесени жалби за прекршување на пристапот до информации од јавен карактер (инфографик)

април 7, 2020

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер лани регистрирала 755 жалби против молк на имателите на информации или против управни и реални акти на првостепени органи, што е за 133 повеќе во споредба со 2018 година. Зголемувањето на поднесените жалби за прекршување на правото на пристап до информации од […]

Серија закони во Собранието: За слободен пристап до информации, за ОТА, за абортус …

февруари 21, 2019

На седници на собраниски комисии, како и на пленарна седница на Собранието, денеска ќе се најдат еден куп закони, од кои дел се со европско знаменце, односно во забрзана постапка. Така, на дневен ред се измените на законот за абортус. Со предлог-законот за прекинување на бременоста, се олеснува достапот до абортус на жените, што досега […]

Министерството за одбрана се отвора кон јавноста и ќе објавува сè што не е тајно

јануари 16, 2018

Трошењата на министерот за одбрана , платите и јавните набавки во Министерството за одбрана повеќе нема да бидат тајна, порача Радмила Шекеринска, првиот човек на ова министерство на прес-конференција. – Министерството за одбрана, не само во Македонија, но особено во Македонија се сметаше за едно од традиционално најзатворените министерства, заради природата на работа, но и […]

10 години од основањето на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации

септември 28, 2016

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер и 10-годишниот јубилеј од постоењето на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Сите ја знаеме онаа стара изрека дека оној кој ги има информациите тој владее […]

Страна 1 од 1