fbpx

Николов: Со овој неразвоен буџет се проектира нов дефицит и долгови од 305 милиони евра

-

„Владата ги игнорира укажувањата на Светска банка дека мора да почне да ја намалува задолженоста и да почне фискална консолидација, бидејќи јавниот долг ќе достигне повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ. И во 2017 година Владата со овој неразвоен буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра“, истакна претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов.

Тој истакна дека повторно се игнорира укажувањето на Светска банка дека зголемуавњето на приходите е минимално.

– Наспроти тоа, имаме експанзија на буџетските расходи чие трошење е неосновано затоа што најголем дел од овие расходи одат за непродуктивни трошења и за неразвојни проекти како што се барокни фасади, панорамски тркала, рајски градини. Светска банка потврди дека во 2017 година трансферите кон ПИОМ ќе се зголемат за 20 милиони евра со што дефицитот во ПИОМ ќе го достигне историски највисокото ниво од 450 милиони евра. Ова е уште една потврда за катастрофалните фискални политики – истакна Николов и додаде дека буџетот за 2017 година ќе претрпи темелна ревизија.

Денеска во Комисијата за финансирање и буџет почна расправата за предлог-буџетот за 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...