fbpx

Брисел: Европските пари нема да се користат за подигнување огради во Бугарија

-

Ниту еден дел од европските средства нема да се намени за подигнување огради, соопшти портпаролот на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос.

Минатата недела Европската комисија соопшти дека на Бугарија ќе ѝ додели помош од 108 милиони евра за безбедност на границите. Сепак, Брисел не поддржува поставување огради како средство за да се одвратат бегалци, поради што минатата година го одби барањето на Унгарија за слична помош, поради поставување мрежа на јужната унгарска граница.

Средствата од ЕУ треба да бидат наменети за купување опрема што ќе ја подобри контролата на мигрантскиот бран, како и за изградба на нови прифатни центри за бегалците.

Средствата ќе бидат обезбедени од фондовите на ЕУ за бегалци и за внатрешна безбедност. Сепак, бугарскиот премиер Бојко Борисов бара дополнителни 52 милиони евра за гранична безбедност.

Брисел во моментов ги разгледува и ги оценува предложените проекти, за кои Софија бара дополнителни средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...