fbpx

Бошњаковски: Химната нема да се менува, АСНОМ ќе остане во преамбулата на Уставот

-

АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

Тој потенцираше дека по ниеден основ нема да се чепка државната химна, ниту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.

Владата во моментов воопшто не разговара за какви било кадровски промени. Фокусирана е на реформскиот процес и на имплементацијата на Преспанскиот договор, на членство во ЕУ и НАТО, рече владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Бошњаковски соопшти дека до 2023 година треба да биде отворен граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција, а целиот проект, вклучувајќи ги сите неопходни инфраструктурни активности, се проценува дека ќе чини 4,6 милиони евра.

Според него, допрва ќе се прецизира како ќе работи овој граничен премин, дали исто како останатите, но извесно е дека ќе располага со потребната инфраструктура.

– Средствата за граничниот премин ќе бидат обезбедени преку билатералната програма за прекугранична соработка 2014-2020 година – рече Бошњаковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...