вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Миле Бошњаковски | 51 резултати

Се отстранува железната ограда пред зградата на Владата

7 февруари 2019

Денеска се отстранува железната ограда пред зградата на Владата, по донесувањето одлука на владина седница. Целта, како што соопштија оттаму, е целосно да се ослободи јавниот простор околу владината зграда за да биде достапен за користење од страна на граѓаните. Портпаролот Миле Бошњаковски објасни дека нема да се трошат пари од граѓаните, туку ќе се искористат […]

Бошњаковски: Не постојат конфликти во Владата како што пишуваат медиумите

23 јануари 2019

Не постојат конфликти или судири во Владата како што пишуваат медиумите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како функционира владината коалиција по различните изјави на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на Законот за јазиците. – Во основа не постојат некои конфликти или судири како […]

Бошњаковски: Се подготвува документацијата од 400 страници за екстрадиција на Груевски

15 ноември 2018

Започнат е процесот за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Влада. – Министерството за правда ја собира потребната документација за случајот, која што е обемна на околу 400 страници. Кога ќе биде комплетирана и преведена ќе биде доставена до Унгарија. Тоа ќе се случи во текот […]

Бошњаковски: Химната нема да се менува, АСНОМ ќе остане во преамбулата на Уставот

7 ноември 2018

АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи. Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе […]

Бошњаковски: Владата сака амандманите да ги дефинира со опозицијата, заради консензус

17 октомври 2018

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. – Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи, […]

Бошњаковски: Владата очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

10 октомври 2018

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени, за што денеска, собраниската Комисија за уставни прашања, треба да ја отпочне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата. Тој најави дека воведно […]

Бошњаковски: Примарна цел на Владата е да обезбеди двотретинско мнозинство

3 октомври 2018

Собранието и сите политички партии треба да ја следат волјата на граѓаните искажана на референдумот. Процесот во моментот е во Собранието и интенцијата е да се обезбеди двотретинско мнозинство, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите објавени во некои медиуми дека нема да има […]

Владата не ги коментира стенограмите од лидерските средби објавени во „Катимерини“

3 октомври 2018

Владата засега не дава дополнителни информации во врска со стенограмите од лидерските средби во Македонија, што вчера ги објави грчкиот весник „Катимерини“. – И ние ги видовме објавени во медиумите и претходниот ден во дел од германските медиуми, но во моментот не би можел да ви дадам никаква дополнителна информација во врска со објавените документи, […]

Бошњаковски: Владата ќе ги заштити граѓаните од лажни вести во референдумскиот молк

27 септември 2018

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција информираше дека Владата ќе преземе активности за заштита на граѓаните од лажни вести и дезинформации, преку објави на социјалните мрежи за време на претстојниот период на референдумскиот молк. Секоја вест, како што најави Бошњаковски, која ќе биде детектирана дека е лажна или дека е дезинформација […]

Бошњаковски: Кампањата на социјалните мрежи ќе чини 6,5 илјади евра

23 август 2018

Владата за кампањата за референдумот ќе троши пари од сопствениот буџет и од буџетот на Генералниот секретаријат на Владата, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Комуникацијата преку социјалните мрежи ќе се реализира со 400.000 денари (6,5 илијади евра) од тековниот буџет на Генералниот секретаријат, појасни тој. Владиниот портпарол посочи и дека Владата […]

Планот 18 на Владата се трансформираше во План за скрининг

26 јули 2018

Планот 18 на Владата, за кој јавноста слушна на крајот на мај, кога вицепремиерот за европски  прашања Бујар Османи го презентираше на евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како реформски план што ќе го наследи Планот 3-6-9, сега е на преработка. Како што за „Мета“ објасни портпаролот на Владата, Миле […]

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Грција

25 јули 2018

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Атина на социјалните мрежи, одговори денеска порптаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање, дали ќе се покрене одредена постапка против тие лица. – Изразуваме жалење за жртвите во Грција. Говорот на омраза не е прифталив за Македонија како модерна држава чии што аспирации […]

Бошњаковски: Нема промена на химната и на државните симболи

4 јули 2018

Не се водат, ниту ќе се водат разговори со Грција за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи, одговори денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на новинарско прашање дали согласно Договорот со Грција ќе се менува и македонската химна или некој државен симбол. -Ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се […]

Бошњаковски: Добивме признание дека сме земја на позитивни промени и реформи

27 јуни 2018

Одлуката на ЕУ Македонија да започне преговори за членство во јуни 2019 година, покажува дека Македонија е препознаена како земја на позитивни промени и динамични економски реформи, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ја вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да даде условена препорака за преговори во јуни 2019. […]

Бошњаковски: Грција и Македонија го прифаќаат терминот „Македонец“ и за двете земји

21 јуни 2018

Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бошњаковски објаснува […]

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

13 јуни 2018

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ. Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи […]

Владата без прецизен одговор за најавениот разговор помеѓу Заев и Ципрас

6 јуни 2018

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата не прецизираше до каде се преговорите и дали е можна средба или телефонски разговор на премиерите на Грција и Македонија до крајот на неделава. Бошњаковски не сакаше да даде ниту коментар на „Фејсбук“ статусот на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој напиша дека во четврток или […]

Џезаир Шакири – Хоџа ќе добие надомест за ангажманот, нема постапка за друга функција

14 мај 2018

Шаќири ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето од „Мета“ дали на Џезаир Шакири, алиас Командант Хоџа, ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата. Од Владата пред една седмица потврдија дека поранешниот командант на ОНА  и човекот што […]

Владата потврди дека Димитров и Коѕиас ќе се сретнат до крајот на месецов

20 април 2018

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски потврди дека до крајот на месецов треба да има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, но дека точниот датум се уште не е утврден. – До крајот на месецот ќе има нова средба, а датумот се уште треба да биде потврден […]

ОЈО ќе го истражува ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година

4 април 2018

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ќе го разгледува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 бидејќи Владата во него забележала две спорни ситуации, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Првата се однесува за купување на имот. Во 2011 МЕПСО добила понуда да купи имот од 2.178 квадратни метри по цена од 3,7 милиони евра. […]

Страна 1 од 3