fbpx

Бонева ги повлекла патните налози за јули и за август

-

Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци за јули и за август што претходно веќе ги имала доставено до Државната изборна комисија, објави телевизија „Алсат М“.

Ваквиот потег на Бонева следува откако пред неколку недели таа се најде на удар на јавноста, дека за шест месеци само за патни трошоци од ДИК добила 12.000 евра.

Според неофицијалните сознанија на телевизијата, Бонева добила реакции и од партиските кругови бидејќи информациите за сумите што таа ги добива за патни трошоци, не само како член на ДИК, туку и претходно како пратеник, ѝ нанесувале штета на партијата, особено сега во сензитивен политички период.

Претходно, Бонева беше критикувана и затоа што како пратеник во само една година зела 23.000 евра за покривање на патните трошоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...