fbpx

Бајден му порача на Трамп дека е „време да порасне“

-

Потпретседателот на САД во заминување, Џо Бајден, ги критикуваше изјавите на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за разузнавачките агенции и му порача дека е „време да порасне“.

Бајден, како што јавуваат светските агенции, ги оценил како „неразумни“ ставовите на Трамп во врска со извештаите на разузнавачките агенции за влијанието на руските хакери на претседателските избори во САД.

„Претседателот да нема доверба и да не е подготвен да ги сослуша разузнавачките агенции, од одбраната до ЦИА, тоа е целосно неразумно“, рекол Бајден.

Новоизбраниот американски претседател денеска треба да има состанок со разузнавачките агенции во врска со вмешаноста на Русија во хакерските напади. Трамп претходно повеќепати ги отфрли тврдењата од официјалните извештаи на безбедносните и на разузнавачките агенции дека Русија е вмешана во хакериските напади на Демократската партија на САД и дека влијаела на претседателските избори.

„Мислите дека знаете повеќе од разузнавачките служби, тоа е како јас да кажам дека знам повеќе за физиката од мојот професор по физика“, нагласил американскот потпретседател.

Бајден го критикувал и однесувањето на Трамп на социјалните мрежи.

„Доналд, порасни, време е да се однесуваш како возрасен човек, сега си претседател. Време е нешто да направиш и да покажеш што знаеш“, порачал Бајден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...