fbpx

Аврамопулос: Дозволите за влез во ЕУ треба да ја олеснат мобилноста на Западен Балкан

-

Европскиот систем за патување и авторизација (ЕТИАС), кој дава електронска дозвола за лица од трети земји кои имаат визна либерализиација да влезат во ЕУ, нема намера да ја загрози слободата на движење на граѓаните од Западен Балкан, порача денеска преку соопштение еврокомесарот за миграција и за внатрешни прашања, Димитрис Аврамопулос.

– Имаме намера да ја сочуваме блискоста и партнерството и да ја олесниме мобилноста и контактите меѓу Европска Унија и Западен Балкан – порача комесарот Аврамопулос.

ЕТИАС ќе се применува на повеќе од 60 држави во светот, вклучувајќи ја и Македонија, чии граѓани уживаат безвизен режим. Според овој систем, пред влез во ЕУ ќе мора да се добие авторизација за влез во шенген-зоната.

Тове Ернст, портпаролката на комесарот Аврамопулос, негираше дека со овој систем се враќа визниот режим.

– ЕТИАС не е виза, напротив, тоа е мерка за одржување на безвизното патување за сите земји со кои имаме договори за визна либерализација, вклучувајќи го и Западен Балкан. Тоа е систем кој ќе биде оперативен од 2020 година и кој ќе ни олесни да продолжиме со безбедносните контроли, за оние кои патуваат без виза и за да собираме информации пред патувањето. Со него сакаме да го одржиме безвизното патување – нагласи Ернст.

ЕТИАС е сличен на американскиот систем ЕСТА. Сè што треба патниците да направат е однапред да го пополнат електронскиот формулар со лични податоци: информации за патните документи и да ја посочат европската земја каде ќе влезат во шенген-зоната.

Системот ќе стапи на сила во 2020 година. Истовремено, на сила ќе стапи и друга безбедноста мерка која ќе влијае на тоа како во иднина ќе се патува од Западен Балкан. Станува збор за унапреден систем за контрола за влез и за излез од шенген-зоната. Овој систем бара регистрација на име, патни исправи, како и биометриски податоци.

– Овие мерки ќе ги забрзаат процедурите и ќе ги направат поефикасни. Така ќе ги имаме потребните информации за да се бориме против сериозните злосторства, како што е тероризмот. Станува збор за мерка која ќе ги забрза процедурите и од која ќе имаат полза и патниците и земјите членки – вели Ернст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...