This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Dec 15 13:40:38 2018 / +0000 GMT

Антикорупциска: Комисија која од борец стана творец на корупција (визуелизација)




Државната комисија за спречување на корупцијата беше формирана во 2002 година како клучно тело во спречување и справување со коруптивното однесување на носителите на функции и злоупотреби на јавните пари.

Првиот состав на новото тело го оправда ентузијазмот и надежите – покрена неколку капитални случаи и единствениот антикорупциски предмет со судска разрешница - „Бачило“.

Но, веќе по парламентарните избори во 2006 година и со новиот, втор состав на Антикорупциската нејзиниот учинок, заедно со надежта, почна да бледнее, за главното „куче-чувар“ од корупцијата многу брзо да ги истапи забите, а на крај и да ги изгуби овците.

Иронично, во последниот свој состав, Антикорупциската беше распуштена поради – корупција.

Еве што и како работела комисијата, кој раководел со неа и колку сработила во овие 16 години:

Post date: 2018-12-03 09:27:02
Post date GMT: 2018-12-03 08:27:02
Post modified date: 2018-12-03 13:26:31
Post modified date GMT: 2018-12-03 12:26:31

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com