вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: состав | 17 резултати

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да се обиде да формира Влада, од СДСМ велат тој е „шпицен аутсајдер“

21 јули 2020

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот Комитет прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори, на која што го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство. „Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем […]

Антикорупциска: Комисија која од борец стана творец на корупција (визуелизација)

3 декември 2018

Државната комисија за спречување на корупцијата беше формирана во 2002 година како клучно тело во спречување и справување со коруптивното однесување на носителите на функции и злоупотреби на јавните пари. Првиот состав на новото тело го оправда ентузијазмот и надежите – покрена неколку капитални случаи и единствениот антикорупциски предмет со судска разрешница – „Бачило“. Но, […]

Објавен оглас за членови на ДИК чиј мандат ќе трае шест месеци

5 јуни 2018

Оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) за следните шест месеци е објавен денеска во весниците, откако Собранието во петокот донесе одлука за распишување на оглас за избор на нови членови на ДИК. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое […]

Брнабиќ му го достави предлогот за новата влада на српскиот парламент

27 јуни 2017

Во српскиот парламент стасал предлогот на мандатарката Ана Брнабиќ за составот на новата српска влада, која ќе има четворица потпретседатели и 18 ресори, јави Радиотелевизија на Србија (РТС). Седницата на српското собрание на која Брнабиќ ќе го претстави својот предлог е закажана за утре во 10 часот. Според РТС, новата влада би можела да биде избрана […]

Милошоски: Мандатарите секогаш давале по 12 дена за дебата за владата и за министрите

29 мај 2017

„Да се закаже седница за само еден ден, во најмала рака е срамен и недемократски чин кон јавноста и кон Собранието. Тоа покажува дека Зоран Заев се плаши од подетални анализи на нивниот леток што го нарекува програма. Но, се плаши и од подетални анализи што ќе покажат каков е кадровскиот потенцијал на новите предложени […]

Џафери: Следната недела ќе има нова влада

28 мај 2017

Следната недела Македонија ќе има нова влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, како дел од парламентарното мнозинство, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во изјава за новинската агенција „Франс прес“. -Очекувам за ден – два да ја добијам програмата на овој кабинет и потоа да […]

Заев задутре на конгресот на СДСМ ќе биде единствен кандидат за претседател

25 мај 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по вчерашната вечера во Брисел со Федерика Могерини и со премиерите од земјите од Западен Балкан задутре на конгресот на партијата го очекува реизбор за претседател на СДСМ. Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата што ќе се избира на задутрешниот, 22. редовен конгрес, кој ќе се одржи во хотелот […]

Ахмети замина од СДСМ без да даде изјава – најави соопштение

19 мај 2017

Повеќе од два часа траеше денешната средба помеѓу лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во седиштето на СДСМ, која е во рамките на преговорите помеѓу партиите за составување нова влада. Ахмети во седиштето на СДСМ пристигна околу 12.30 часот, а го напушти околу 14.45 часот. Лидерот на ДУИ и […]

Иванов: Ако можеле да се амнестираат воени злосторници, зошто не и луѓе заведени од толпа

17 мај 2017

„Ако имаат доблест новите пратеници во новиот состав на Собранието, ако сакаат да влијаат на смирување на општеството и да покажат акт на добра волја и на помирување, нека го направат тоа што беше направено по конфликтот во 2001 година. Тогаш знаеме дека Собранието амнестираше воени злосторници. Ако можеле воени злосторници да се амнестираат, зошто да […]

Џафери: Ќе закажам седница за влада кога Заев ќе достави програма и состав на владата

17 мај 2017

Седница за избор на влада ќе закажам откако мандатарот Зоран Заев до Собранието ќе достави предлог-програма и предлог-состав на новата влада, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако даде исказ во Основното јавно обвинителство по повод насилните инциденти во Собранието на 27 април. – Во моментот кога ќе добијам материјал, ќе закажам седница. Паралелно ќе […]

Заев: Новата влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија

17 мај 2017

„Мандатот го добив и очекувам многу наскоро да ја составам новата влада. Како мандатар и иден премиер, се обврзувам дека новата влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија. Сите сили ќе ги насочиме кон тоа да изградиме праведна и правна држава“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава откако го доби мандатот за составување […]

ДС: Мнозинството одлучува за составот на собраниските комисии кога нема консензус

21 март 2017

Во Собранието на Република Македонија составот на работните тела е одраз на бројот на пратеници, при што парламентарното мнозинство ги носи одлуките, честопати без поддршка од опозициските партии, велат од Демократскиот сојуз. „При изборот на составот на комисиите, доколку не може да се постигне консензус, тогаш партиите што имаат мнозинство одлучуваат. Во спротивно, доколку опозицијата […]

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера

11 декември 2016

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места се навреме отворени. Излезноста, како што велат од избирачките одбори, во утринските часови е мала. – Излезноста засега е мала, најверојатно поради студеното време, но очекуваме во текот на денот одзивот на гласачите да се зголемува – велат од избирачките […]

Страна 1 од 1