fbpx

ЗНМ реагира на постапката на град Скопје: Рекламирање со јавни пари е забрането

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) алармира за постапката на градот Скопје, кој преку јавна набавка планира да инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни телевизии и онлајн медиуми за промоција на активности на градот. Kaко што се наведува во соопштението од ЗНМ, според огласот за јавна набавка, достапна на електронскиот систем за јавни набавки, градот Скопје предвидува да инвестира речиси 5 милиони денари за „Подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на градот Скопје” преку маркетинг агенција.

„Укажуваме дека со ваквиот начин на финансирање на медиуми Градот Скопје го прекршува мораториумот за забрана на јавни кампањи во приватни медиуми и директно го прекршува членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за забрана за рекламирање, како и Одлуката на владата за забрана за рекламирање во традиционалните и онлајн медиуми од 2017 година“, велат оттаму.

Во соопштението стои дека „праксата за плаќање јавни кампањи со пари на граѓаните, освен што е незаконска, може да поттикне и други единици на локалната самоуправа да ја применуваат, со што дополнително би се нарушил кревкиот медиумски пазар, и би се загрозила независноста на медиумите преку поддржување на „пријателски медиуми“ и игнорирање на оние кои се критични“.

„Потсетуваме дека скапо платените јавни кампањи преку кои би се откупувал простор на селективен начин од страна на Владата и локалната власт не е начин за поддршка на медиумите, туку може да се претвори во обид за нивно корумпирање и истовремено промоција на политичко-партиски агенди кои не се од јавен интерес. Затоа ЗНМ повеќе од две години инсистира на создавање на Фонд за слободни медиуми, преку кој ќе се поддржуваат проекти од јавен интерес. Само на овој начин може да се даде шанса за објективна поддршка на квалитетни новинарски продукти преку кои ќе се овозможи финансирање на проекти за истражувачко и аналитичко новинарство, но и за продукција на документарна, образовна, забавна и едукативна содржина“, наведуваат во ЗНМ.

Според нив, ова е единствениот начин доколку Владата и локалните власти искрено сакаат да го помогнат професионалното новинарството, истовремено да придонесат за подобрување на примањата на новинарите и медиумските работници, а со тоа и на кревање на социјалниот стандард во медиумскиот сектор.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
online free course
download huawei firmware
Download Premium WordPress Themes Free
lynda course free download