fbpx

ЗНМ: Одлуката за екстрадиција на Божиновски е политички мотивирана

-

Здружението на новинари на Македонија изрази разочараност од одлуката на српските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена.

Оттаму сметаат дека ваквата одлука е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

„Со екстрадицијата, Србија свесно го изложува на напотребен ризик новинарот Божиновски, иако претходно тамошните власти беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта во земјава. Српската влада ќе сноси одговорност ако Божиновски во македонските затвори биде изложен на нечовечки третман. Перверзно е да се екстрадира новинар во земја каде тајната полиција е вмешана во масовно прислушување на нејзините граѓани, а претседателот на државата го амнестира целиот политички врз на земјата за тешки криминални дела“, се вели во соопштението на здружението.

Од ЗНМ велат дека му обезбедиле правна помош на Божиновски и побарале од народниот правобранител Иџет Мехмети да го посети во затворот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...