Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

На Зимската школа ќе учествуваат 81 семинарист од Кина, САД, Австралија, Германија, Франција, Турција, Полска, Словенија, Чешка Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, НР Кореја, Јапонија, Хрватска, Србија, Руска федерација, Украина, Италија и Тајланд

-

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) ја организира четвртата зимска школа која ќе трае пет дена, односно до 26 јануари (на далечина), информираат оттаму. Директорката проф. д-р Кристина Николовска кажа дека годинава со нов концепт и со проактивност, поттикнале голем интерес за македонистиката во светот.

На Зимската школа ќе учествуваат 81 семинарист од Кина, САД, Австралија, Германија, Франција, Турција, Полска, Словенија, Чешка Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, НР Кореја, Јапонија, Хрватска, Србија, Руска федерација, Украина, Италија и Тајланд.

„Годинава семинаристите работат во две секции: јазична и литературно- културолошка (со Преведувачка работилница). Покрај лекторските вежби, за првпат има и предавања по македонска книжевност и култура од еминентни професори. Со нов концепт годинава е курсот за македонска книжевност и култура кој ќе овозможи поширока палета содржини како што се предавања од: средновековна книжевност, народна книжевност, македонскиот 19 век, современа македонска поезија, културологија и популарна култура“, рече Николовска.

Кристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар. Фото: Лична архива

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, на свеченото отворање на зимската школа кажа дека во годината кога се слави јубилеј 75 години од основањето на Универзитетот, се отвораат вратите на македонистиката кон македонистите од целиот свет.

Проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ. Фото: Лична архива

„Големиот интерес на 81 семинарист е потврда дека македонистичката мрежа од целиот свет е во постојана експанзија и во охрабрувачки подем. Македонистите од светот сé повеќе покажуваат интерес кон: изучување на македонскиот јазик, македонската книжевност и култура“, истакна ректорката проф. д-р Биљана Ангелова.

Меѓународниот семинар при УКИМ својата дејност ја развива преку 11 македонистички лекторати во 9 земји. На преведувачката работилница ќе се работат препеви на поезијата на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, од кои потоа ќе се печатат два Зборника поезија со кажувачки. Програмата предвидува и средби со врвни македонски писатели: академик Влада Урошевиќ, Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, како и со младиот талент Македон Димитровски.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...