Таг: македонистика
таг: македонистика
Истражувачи од 15 држави со најнови согледби за македонскиот јазик, литература и култура на научната конференција на УКИМ
Во Охрид денеска се одржува јубилеј, 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, која ја отвори претседателот Стево Пендаровски, а имаше учесници од 15 држави, Кина, Шведска, Турција, учесници од словенските земји и од земјите од регионот, со цел да ги презентираат своите нови...
Македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав
Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува...
Се прават напори повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик во Тирана
Се забрзува иницијативата повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Како што информираат од МСМЈЛК, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на македонистиката во Албанија,...
Нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на престижниот Анкарски универзитет
Постигнат е успех од историско значење за македонистиката. Започнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет во Турција, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Како што е наведено, со новоотворената катедра и лекторатот по македонски јазик, започнува нова...