Зеленски во посета на фронтот во Харкив

Тој им се заблагодари на војниците за нивната храброст и им додели државни награди

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ги посети војниците на Специјалните оперативни сили (СОС) на Вооружените сили на Украина во Харкив. Им се заблагодари за нивната храброст и за херојските операции зад непријателските линии, по што им додели државни награди, пренесува Укринформ.

Зеленски истакна дека војниците на СОС се борат на најтешкиот дел од фронтот, успешно спроведувајќи специјални операции и извршувајќи задачи.

„Ве молам, чувајте се. Денеска сте во оваа област, која веројатно е една од најтешките. Целата земја смета на вас, ние сигурно ќе победиме”, рече шефот на државата“, им рече украинскиот претседателот на војниците.

Фото: Кабинетот на Претседателот на Украина

Зеленски им додели на воините државни награди, вклучувајќи две титули „Херој на Украина“, и го додели почесното име на 142-риот Центар за обука на Специјалните оперативни сили на Хорунжии-Генерал Всеволод Змиенко.

Украина денес го слави Денот на Специјалните оперативни сили на Вооружените сили на Украина на 29 јули. Празникот беше воспоставен со претседателски декрет од 26 јули 2016 година. Претседателот им честиташе на војниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...