fbpx

Здружението „Лесја Украинка“ бара властите да преземат мерки за единство со украинскиот народ

-

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска се обрати до македонското раководство со замолување да се преземат сите можни мерки за да се покаже единството на Северна Македонија со украинскиот народ и да се поддржи правото на избор на секоја нација да ја одбере сопствената иднина и да одлучува за сопствената судбина.

„Украина е во првите редови во одбраната на демократијата и слободата. Повикуваме на обединет фронт кој ќе се залага за заштита на заедничките европски вредности и ќе остане решен да му се спротивстави на агресорот“, се наведува во соопштението на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“.

Како што соопштуваат од здружението, тие заедно со дипломатите од Амбасадата во близина на споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје одржале заедничка акција #StandWithUkraine. Главна цел на акцијата била да се демонстрираат сплотеноста и единството на Украинците ширум светот и правото на Украина да ја избере сопствената иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...