fbpx

Бектеши: Зголемувањето на цените се очекува да се спречи со утврдување на увозни маржи

-

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција изјави дека зголемувањето на цените на основните прехранбени производи се очекува да се спречи со утврдување на увозни маржи за производите на големо и мало.

Тој потсети потсети дека замрзнувањето на цените важи до крајот на февруари.

„Оваа и следната недела ќе имаме директни средби со сите инволвирани страни, особено со производителите и трговците со прехранбени производи, оние производи кои се истакнати во одлуката за замрзнување, да се најде начин да не се зголемат цените, најверојатно ќе се оди со дефинирањето на одредени маржи во трговијата на големо и мало“, рече меѓу другото Бектеши додавајќи дека согласно анализите на таков начин нема да има ценовни шокови.

Инаку, со одлука на Владата од 5 декември минатата година замрзнати се цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенинините со цените што ги имале на 1 декември 2021 година.

Со одлука на Владата од 5 декември минатата година замрзнати се цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенинините со цените што ги имале на 1 декември 2021 година.

Министерот нагласи дека сме можеби единствената држава, посебно во регионот, која во време на пандемијата донесе вакви одлуки за замрзнување на цените, а сега и повторуваме одредени одлуки, а ова искуство го преземаат и другите држави од регионот.

„Ако се вратиме назад во времето кога беше објавено дека целосно ќе има затворање на одредени сектори ние такви одлуки носевме како Влада, дополнително имавме и други начини и можности како да им помогнеме на граѓаните со цел да ја подигнеме потрошувачката и да влијаеме на намалување на нивните трошоци и да не влијаеме негативно на животниот стандард“, изјави Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...