fbpx

Здравствените работници исцрпени, Лекарската комора бара воведување на дополнителни мерки за заштита од ковид-19

-

Лекарската комора апелира и ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје.

„Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните. Голем проблем за одржливоста на здравствениот систем претставува и намалувањето на бројот на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваме и со премореност, бидејќи епидемијата трае многу долго,“ велат од Лекатската комора.

Од таму додаваат дека голем дел од кадарот кој работи во ковид центрите одамна не работи по систем на ротации, а многу здравствени работници немаат користено годишен одмор.

„Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива. На крај, со ангажирање на здравствените капацитети во лекувањето на ковид-19, неминовна последица е сведување на минимум на капацитетите за дијагностицирање, лекување и згрижување на болни со не-ковид патологија, што дополнително го загрозува здравјето на популацијата,“ се додава во соопштението.

Од Лекарската комора апелираат и до Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки и протоколи.

„Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно. Само со холистички пристап и земање на сите фактори предвид и со промптна реакција на сите полиња можеме целосно да се избориме со вирусот,“ велат од Лекарска комора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...