Запленет имот на поранешниот премиер на Романија, Виктор Понта

-

Обвинители од националната дирекција за борба со корупцијата во Романија наредија запленување на дел од имотот на поранешниот премиер Виктор Понтан во вредност од 220.000 евра.

Наредбата е издадена откако Понта е обвинет дека добил 220.000 евра од бизнисмен, Себастијан Гица, кој откако бил ставен на листата на Социјалдемократската партија, добил место во Претставничкиот дом како кандидат од округот Прахова.

Според антикорупциските обвинители, Понта ги искористил парите за да организира посета на Романија од поранешниот британски премиер Тони Блер преку невладина организација. Било претставено дека средбата Понта – Блер била на барање на поранешниот британски премиер.

Гица е сопственик на телевизијата „Те-ве-ер“ и близок пријател на Понта. Гица исто така е обвинет за низа дела, меѓу кои давање поткуп, уцена, купување влијание и друго.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...