fbpx

Заложничка драма во трговски центар во Ирак, 12 загинати

-

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 25 се повредени во експлозија на бомба поставена во автомобил пред еден од трговските центри во Багдад.

Четворица напаѓачи по експлозијата влегле во трговскиот центар и зеле заложници. Во нападот загинале и најмалку тројца полицајци.

Се верува дека центарот на Џавахер, во источниот дел на Багдад, каде што најголемиот дел од населението е шиитско, зарoбени биле помеѓу 50 и 75 лица, а напаѓачи можеле да се видат и на покривот на трговскиот центар.

Безбедносните сили го опколиле местото на нападот, по што заложничката драма завршила.

Досега никој не ја презел одговорноста за нападот, но Исламска држава, која ги контролира северот и западот на Ирак, редовно ги напаѓа шиитските квартови, како и силите за безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...