fbpx

Законот за висока раководна служба да се донесе пред избори, бара Институтот за демократија

„Недоречената правна рамка, додаваат оттаму, во моментов дозволува злоупотреба и распределба на позиции во нетранспарентни постапки, базирани на партиска припадност и коалициски договори. „Ова резултира со неефикасност на институциите и го нарушува навременото и квалитетно испорачување на услуги до граѓаните“, се наведува во реакцијата

-

Законот за висока раководна служба треба да се донесе пред парламентарните избори. Тоа ќе донесе стандарди за професионализација на високата раководна служба и ќе биде чекор напред кон решавање на долгогодишен проблем со назначувањето на директори и раководители во Македонија, ова денеска во соопштение до јавноста го порааа од Институтот за демократија Социетас цивилис.

„Подготовката и донесувањето на Законот се провлекува веќе неколку години наназад, а одговорноста за ова се префрла низ различни институции. Одложувањето на спроведувањето на законот доведува до продолжување на практиката на нетранспарентни и неквалитетни именувања на директори и раководители. Со цел да се сопре оваа пракса, неопходно е итно донесување на Законот за висока раководна служба и негова примена“, наведено е во соопштението.

Недоречената правна рамка, додаваат оттаму, во моментов дозволува злоупотреба и распределба на позиции во нетранспарентни постапки, базирани на партиска припадност и коалициски договори.

„Ова резултира со неефикасност на институциите и го нарушува навременото и квалитетно испорачување на услуги до граѓаните. Меѓународната заедница низ годините ја посочува потребата од департизација и вложување во капацитетите на јавната администрација. Законот треба да обезбеди најсоодветни кадри кои ќе раководат со институциите и да превенира партиски пазарења. Затоа сега е вистинско време да се вложат напори и да се донесе Законот за висока раководна служба, пред распуштање на Собранието за претстојните парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...