fbpx

Вакцината е најефикасна заштита од сезонски грип, годинава се вакцинирале 43.964 лица

Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, посебно на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО) - постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници

-

Заклучно со 46 недела од 2023 година, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 46-та недела од минатата сезона, е зголемен за 82,9 отсто, наведено е во новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

„Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 351. Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 147 случаи, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Во досегашниот тек на сезоната на грип, не се регистрирани починати лица асоцирани со грип“, наведено е во извештајот.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, посебно на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО) – постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

„Заклучно со 46-та недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 43.964 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. За оваа сезона, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction). Вакцинацијата започна на 25 октомври, а се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и/или здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб-страницата www.vakcinacija.mk“, информираат во Институтот за јавно здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...